Македонија

Спасеновски: Минатата Влада беше легална, но немаше политички легитимитет, имаше голема недоверба од страна на граѓаните

Спасеновски: Минатата Влада беше легална, но немаше политички легитимитет, имаше голема недоверба од страна на граѓаните

Во денешната емисија „Дејли Клик“ на ТВ21, професорот Александар Спасеновски, зборуваше за реконструкцијата на министерствата која ја најави оваа Влада. Дали е тоа економски исплатливо?

„Мислам дека е рано да се оцени, но она кое го споменавте околу оправданоста, извесноста, сметам дека клучното прашање во оваа смисла е околу политичкиот легитимитет. Тој ви дава право или не ви дава да преземете одредени чекори. Политички легитимитет се добива на избори, и во моментот кога ќе завршат изборите тој е највисок, а потоа доколку работите спротивно од очекувањата на граѓаните може да се намалува, па до тоа ниво да не постои, Минатата влада беше легална, но немаше политички легитимитет, или имаше голема недоверба од страна на граѓаните“, рече Спасеновски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни