Македонија

Нови 38 случаи на голема кашлица се регистрирани, хоспитализирани шест лица

Нови 38 случаи на голема кашлица се регистрирани, хоспитализирани шест лица

Нови 38 случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица, се регистрирани во државава од 31 мај до 6 јуни. Од новозаболените, хоспитализирани се шест лица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје – 26, а пријавени се и четири случаи од Битола, три од Тетово и по еден од Пробиштип, Прилеп, Куманово, Гевгелија и од Кавадарци, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен попладнево.

– Возраста на заболените се движи од еден месец до 68 години. Најголем број случаи се од возрасната група од пет до девет години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 28 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани, а останатите пет се вакцинирани согласно возраст, пишува во извештајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни