Свет

„Навистина ми е жал“ Бајден му се извини на Зеленски: Американскиот лидер имаше ЈАСНИ ПРИЧИНИ

„Навистина ми е жал“ Бајден му се извини на Зеленски: Американскиот лидер имаше ЈАСНИ ПРИЧИНИ

Американскиот претседател Џо Бајден му се извини на својот украински колега Володимир Зеленски за доцнењето во испраќањето на американската воена помош во неговата земја и најави нов пакет помош.

За време на средбата со Зеленски во Париз, Бајден рече дека сака да се извини за неколкумесечните одложувања во одобрувањето на пакетот помош од 61 милијарда долари што Конгресот го одобри дури на крајот на април.

Демократот обвини некои од „многу конзервативните“ членови на телото.

„Нема да те оставам“, му рекол тој на украинскиот претседател за време на краткиот разговор со новинарите.

Во петокот, Бајден, исто така, најави нов пакет помош од 225 милиони долари за Украина.

Зеленски му се заблагодари за неговата „силна поддршка“ и додаде дека Украина „смета на нивната поддршка“.

Во четвртокот, двајцата претседатели учествуваа на комеморацијата на 80-годишнината од Денот Д, слетувањето на сојузничките сили во Нормандија.

Зеленски во петокот наутро се обрати пред францускиот парламент, а Бајден попладне треба да зборува за демократијата и слободата во Нормандија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни