Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон разменил пораки и остварил видео повик со лице кое се претставило како поранешниот украински претседател Петро Порошенко, но подоцна било утврдено дека станува збор за измама, соопшти ресорното министерство.
„Иако се чинеше дека видеоповикот е со господинот Порошенко, министерот за надворешни работи по разговорот стана сомнителен“, се вели во соопштението.
Изданието додава дека е извршена проверка и дека е потврдено дека пораките и видеоповикот биле измама. Во соопштението не е наведено за што се разговарало, но се вели дека личноста од другата страна на повикот побарала од Камерон туѓи информации за контакт.
Форин Офисот соопшти дека Камерон ги објавува овие информации „во случај видеото последователно да се манипулира“ и да се осигура „дека другите се свесни за овој ризик“.
Не е соопштено кој е осомничен дека стои зад измамата.