Македонија

Бројот на министерства во Македонија се зголемува – од 16 стануваат 20!

Бројот на министерства во Македонија се зголемува – од 16 стануваат 20!

Во новата влада предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе има плус четири нови министерства.

Тоа значи дека бројот од 16 Министерства сега се зголемува на 20, додека пак ќе имаме 24 министри, од кои 4 се без ресор.

Во 2:30 часот по полноќ ноќеска беа усвоени законските измени, со што сега Владата ќе ги има следните министерства:

1. Министерство за одбрана;
2. Министерство за внатрешни работи;
3. Министерство за правда;
4. Министерство за односи меѓу заедниците;
5. Министерство за надворешни работи и надворешна трговија;
6. Министерство за европски прашања;
7. Министерство за финансии;
8. Министерство за економија и труд;
9. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини;
10. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
11. Министерство за здравство;
12. Министерство за образование и наука;
13. Министерство за социјална политика, демографија и млади;
14. Министерство за локална самоуправа;
15. Министерство за култура и туризам;
16. Министерство за дигитална трансформација;
17. Министерство за јавна администрација;
18. Министерство за транспорт;
19. Министерство за животна средина и просторно планирање и
20. Министерство за спорт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни