Свет

Израел спаси четворица заложници киднапирани во напад на Хамас на 7 октомври

Израел спаси четворица заложници киднапирани во напад на Хамас на 7 октомври

Израелските власти денеска објавија дека израелската армија спасила четворица заложници киднапирани од исламистичкото палестинско движење Хамас во напад на 7 октомври и држени во Појасот Газа.

Армијата објави дека ги спасила Ноа Аргамани (25), Алмог Меир Јан (21), Андреј Козлов (27) и Шломи Жив (40), во сложена специјална дневна операција во Нусејрат.

Денешната операција е најголемата операција за враќање на живите заложници од избувнувањето на војната, со што вкупниот број на спасени заложници се искачи на седум.

Хамас киднапираше околу 250 заложници за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври. Околу половина беа ослободени за време на еднонеделното примирје во ноември.

Израел вели дека остануваат повеќе од 130 заложници, од кои околу четвртина се претпоставува дека се мртви.

Поделбите се продлабочуваат во Израел околу најдобриот начин да се вратат дома.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни