Свет

ПРЕМИЕРОТ НАЈАВИ ОСТАВКА: Резултатите од изборите за ЕП, ја расклатија и владата на Белгија

ПРЕМИЕРОТ НАЈАВИ ОСТАВКА: Резултатите од изборите за ЕП, ја расклатија и владата на Белгија

Белгискиот премиер Александре де Кроа вечерва објави дека од утре ќе поднесе оставка од премиерската функција, бидејќи неговата централно-десничарска партија загуби на европските избори.

„Ова е особено тешка вечер за нас, загубивме. Од утре ќе бидам премиер во оставка“, им порача Де Кро на своите приврзаници, бидејќи според излезните анкети неговата партија забележала резултат од 5,7 отсто, односно пад од 2,9 отсто во однос на изборите во 2019 година.

Својата оставка ја најави и претседателот на партијата Том Онгена.

Де Кроа ќе остане на позицијата привремен премиер до формирањето на новата влада.

Сигналот на гласачот е јасен, рече Де Кро и посочи дека на земјата и треба нова влада брзо, со целосни овластувања.

Вечерва по резултатите од европските избори ја распушти владата и францускиот претседател Емануел Макрон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни