Денес максималните температури беа 22 Попова Шапка, 24 Лазарополе, 26 Маврови Анови, 27 Крушево, 30 Охрид, 32 Претор, Берово, 33 Крива Паланка, 34 Прилеп, Тетово, 36 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Виница, 37 Скопје-Петровец, Штип, Струмица, 38 Кавадарци, Гевгелија, 39 Велес, велат од УХМР.
Времето до крајот на денот ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Во текот на ноќта ќе има појава на мала до умерена облачност и ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопштија од УХМР.
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Во ноќните часови кон петок ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. UV=8
Во Скопје во текот на денот сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.