Македонија

Османи во својство на Претседавач со ПСЈИЕ ќе биде домаќин на Состанокот на министрите за надворешни работи

Османи во својство на Претседавач со ПСЈИЕ ќе биде домаќин на Состанокот на министрите за надворешни работи
Утре (четврток, 13 јуни 2024) министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на Претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе биде домаќин на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот. Учество ќе земат делегациите од 13 учесници во Процесот, претставници на Европската Унија и Регионалниот совет за соработка (RCC).
ПРОГРАМА
Состанокот на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ
Хотел “Холидеи Ин”, Скопје
Четврток, 13 јуни 2024
9:50- Заедничка фотографија
10:00- Отворање на пленарната сесија од страна на Претседавачот со ПСЈИЕ, Бујар Османи
12:40- Заедничка прес конференција на актуелниот и идниот Претседавач на Процесот
*Со цел поефикасно покривање на настанот, се очекува пристигнување на акредитираните медиумски претставници во хотел почнувајќи од 8:45, a најдоцна до 11 часот на посебен влез за медиуми (во близина на влезот на Градскиот трговски центар).
Акредитираните медиумски претставници кои сеуште не ги подигнале своите беџови, имаат можност да го направат тоа утре во Министерството за надворешни од 8:00-9:00.
Напоменуваме дека поради безбедносни причини во паркингот на хотелот нема можност за паркирање на возилата на медиумските претставници.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни