Македонија

СДСМ Аеродром: Не стоиме зад герила акцијата против кандидатот за претседател Венко Филипче

СДСМ Аеродром: Не стоиме зад герила акцијата против кандидатот за претседател Венко Филипче

Општинската организација СДСМ од Аеродром најостро го осудува чинот за поставување на транспарентот против кандидатот за претседател Венко Филипче. Според општинската организација, СДСМ Аеродром не стои зад овој настан кој го сметаат за саботажа од страна на други политички субјекти со цел да внесат раздор во партијата, стои во објавата на Фејсбук профилот на СДСМ Аеродром.

-СДСМ Аеродром е отворена за секој, дава силна поддршка на фер и достоинствена кампања за претседател со цел демократски да избереме нов претседател и раководство кое ќе ја води партијата до нови победи. СДСМ Аеродром апелира граѓаните да не подлегнуваат на ваквите манипулации и подметнувања од оние кои не и мислат добро на СДСМ, стои во соопштението.

На голем транспарент поставен пред општинската организација на СДСМ во Аеродром, пишуваше „Венко (Заев) за вас вратата е затворена“.

Инаку покрај Венко Филипче, кандидати за нов лидер на СДСМ се и Јован Деспотовски, Славјанка Петровска и Александар Бајдевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни