Бујар Османи денеска зборуваше за Преспанскиот договор, за кој кажа дека со него не е само решено прашањето за името.
„Преспанскиот договор е многу повеќе од само договор за името. Тоа е договор за стратешко партнерство. Столбот на грчките обврски од Преспанскиот договор е поддршка за НАТО и европската интеграција. Владата која што доаѓа нема никаква обврска, никаква одговорност по однос на Преспанскиот договор. Тие не го изгласале, не го поддржувале, меѓутоа имаат обврска да го почитуваат. Тоа е државнички однос“, рече Османи.
Според Османи не е коректна констатацијата дека Грција нема ништо исполнето од Преспанскиот договор. Тој кажа дека Северна Македонија денеска е членка на НАТО поради тоа што Грција ја исполни својата обврска од Преспанскиот договор.
Тоа, посочи, е суштината на грчката обврска, додека протоколите се прашања кои се останати во нивниот Парламент, како што е останат нашиот Закон за МАНУ, Закон за МРТ и други прашања поврзани со имплементација на името.