Во Мека денес официјално започна годишниот аџилак на муслиманските верници, Хаџ.
Повеќе од 1,5 милиони муслимани од целиот свет пристигнаа во Саудиска Арабија, но не и Палестинци од Појасот Газа, поради војната во таа енклава.
Палестинските власти објавија дека 4.200 аџии од окупираниот Западен Брег пристигнале во Мека на хаџот, а сириски аџии пристигнале и во Саудиска Арабија со директен лет од Дамаск, за прв пат по повеќе од една деценија, пренесува АП.