Свет

УШТЕ ЕДНО ПУКАЊЕ ВО САД: Ранети осум лица на возраст под 22 години

УШТЕ ЕДНО ПУКАЊЕ ВО САД: Ранети осум лица на возраст под 22 години

Седум лица се ранети во престрелка во градот Метјуне во сојузната држава Масачусетс, а осмото е повредено бегајќи од метежот што настанал на голем собир на млади луѓе, соопштија денес локалните власти.

Пукањето започнало нешто пред 2 часот по полноќ за време на забавата на која се собрале стотици млади луѓе, соопштија локалните власти на прес-конференција, истакнувајќи дека сите ранети се млади луѓе на возраст под 22 години, од кои двајца се во критична состојба.

„Ова е уште еден трагичен случај на оружено насилство. Неверојатно е што со оглед на количината на балистички докази што ги најдовме, немаше повеќе повредени“, рече обвинителот на округот Есекс, Пол Такер.

Надлежните одбија да кажат за колку лица се осомничени, но засега не се уапсени, ниту е пронајдено оружјето што било употребено.

„Обично овие средби вклучуваат многугласна музика, непредвидливо однесување, понекогаш прекумерно консумирање алкохол. Се обидуваме да преземеме превентивни активности онаму каде што можеме и најчесто сме успешни. За жал, синоќа доживеавме трагичен инцидент“, изјави началникот на локалната полиција Скот Мекнамара.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни