Македонија

Тошковски: Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани

Тошковски: Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани

Вечерва по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада, напиша Панче Тошковски на својот фејсбук профил.

Тој во објавата вели дека „со огромна чест ја прифаќа оваа одлука, која за него претставува голема одговорност и обврска кон сите нас“.

Во продолжение погледнете ја објавата на кандидатот за министер на внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни