Македонија

Мицкоски: Граѓаните очекуваат брзи резултати, да се испорача она што се ветуваше

Мицкоски: Граѓаните очекуваат брзи резултати, да се испорача она што се ветуваше

Денес мандатарот Христијан Мицкоски до Собранието го поднесе предлог составот на владата и имињата, биографиите на идните функционери во извршната власт. Тој очекува да биде оваа точка да биде ставена на дневен ред 22 или 23 јуни, колку што би требало максимално да трае.

„Граѓаните очекуваат брзи резултати. Да се испорача она што се ветуваше. Не ветувавме многу. Државата е конечно ослободена и ќе биде вратена назад кај граѓаните. Имаме група на луѓе која е исклучително мотивирана, веднаш да постигне резултати. Очекувам секој од нив максимално да се заложи, да направиме нешто за нашите граѓани. Тие тоа го заслужуваат. Тие направија за нас и сега и ние мора да направиме. Очекувам бескомпромисна борба против корупцијата. Нема да има толеранција, на било каква злоупотреба од било кое лице. Знаеме за многу злоупотреби изминатите 7 години. Лично ќе се заложам. Очекувам брзи резултати во полето на економијата. Да имаме цврста влада која ќе работи, која ќе спроведе брзи реформи, која ќе го поддржи бизнисот. Ние како влада ќе бидеме нивен сервис за остварување на нивните права и зголемување на нивното бизнис портфолио“, порача Мицкоски на прес конференција откако го поднесе составот на владата составена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“.

То порача дека младите си одат бидејќи нема иднина и таа перцепција може да се смени ако срцето го оставеле на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни