Македонија

Мицкоски со Предлог закон за измени на законот за енергетика

Мицкоски со Предлог закон за измени на законот за енергетика

Христијан Мицкоски со група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ достави до Собранието Предлог закон за измени на Законот за енергетика. Со предложените измени треба да се овозможи да нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, за кои се подготвува нов ценовник од 1 јули, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Мицкоски изјави дека со предлогот кој е доставен да се донесе по скратена постапка, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.

Тој ги повика сите пратеници да гласаат за законските измени затоа што така ќе се спречи и инфлаторната спирала.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни