Македонија

Заев: Изборниот пораз на СДСМ се должи на неисполнетите ветувања на ЕУ

Заев: Изборниот пораз на СДСМ се должи на неисполнетите ветувања на ЕУ

„Изборниот пораз на СДСМ на парламентарните и претседателските избори во значителен дел се должи на демотивираните прогресивни гласачи, уморни од неисполнетите ветувања на ЕУ за побрзо пристапување“, вели за БИРН поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев.

„ЕУ не нè предаде“, вели тој, но нагласува дека „тие не ги исполнија сите обврски“.

Со дводневната меѓународна конференција за мир и одржлив развој, која ја организираа двајцата поранешни премиери на Македонија и Грција, беше одбележана шестата годишнина од историскиот договор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни