Свет

Две лица го загубија животот, 10 повредени при силно невреме во Москва

Две лица го загубија животот, 10 повредени при силно невреме во Москва

Најмалку две лица го загубија животот, а 10 се повредени во силна бура со пороен дожд, предизвикана од студен атмосферски фронт, што денеска ја зафати Москва.

Руското Министерство за цивилна одбрана, вонредни ситуации и ликвидација на последиците од природни катастрофи предупреди дека денеска до 22 часот во Москва се очекуваат поројни дождови и силен ветер, како и можност за торнадо во следните часови.

Синоптичарите известија дека за само еден час во руската престолнина наврнале 22 мм дожд, што е една третина од месечната норма. Во Москва беше објавено портокалово 10-то ниво на опасност поради лошите временски услови, бидејќи налетите на ветерот достигнаа и до 25 метри во секунда.

Градските власти ги повикуваат жителите да се воздржат од излегување надвор, а сите возачи да внимаваат зад воланот. Поради лошото време во руската престолнина, парковите и фестивалските платформи се затворени, а службите за итни случаи на градот работат во засилен режим и брзо ги отстрануваат паднатите дрвја и ги демонтираат постројки оштетени од ветрот.

Московските аеродроми „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“ работат нормално и покрај поројниот дожд и лошото време. Не се пријавени доцнења или откажувања на летови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни