Македонија

Денес почнува собраниската седница за избор на нова Влада

Денес почнува собраниската седница за избор на нова Влада

Денес собраниската седница за избор на новата Влада почнува во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

Мандатарот, Христијан Мицкоски, претходно неделава го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа. Тој денес ќе треба да ја образложи програмата и предлогот, по што почнува расправата во Собранието.

Владата се избира со поддршка на мнозинството од вкупниот број пратеници. Потоа, претседателот на Собранието го известува претседателот на државата за изборот на Владата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни