Христијан Мицкоски, идниот премиер ја презентираше новата програма на Владата во Собранието
„Ситуацијата во државата е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до пропаст и нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, но нема да плачеме над лошата состојба, туку одлучно ќе одговориме, и заедно ќе мора да направиме ова општество подобро за сите.
Најавувам фуризоен почеток на инвестиции веднаш, не сакам медени 100 дена влада. Веќе во вторник најавувам инвестиција од 400 милиони евра, а потоа ќе ги намалиме даноците, ќе ги покачиме пензиите. Доста беше расправа за етнички прашања, туку ќе биде ова влада на економија и развој. Да ја елиминираме корупцијата и да обезбедиме владеење на правото.
Нашата прва цел е завршување на автопатот Кичево – Охрид, а ќе работиме на децентрализација се до нејзино конечно завршување. Обнова и реновирање на училишта, зголемување на плати во образовението, буџетот, силни инвестиции во здравството, и конечно одговорност пред функционерите. Прочешлување на имотите на обвинителите и судиите. Продолжува поддршката кон Украина да го одбрани својот суверенитет и интегритет“, рече меѓудругото Мицкоски на обраќањето.