Онлајн изданијата на медиумите, во главно ја пренесуваат веста од грчката новинска агенција АНА-МПА што е под наслов Христијан Мицкоски ја нарече земјата „Македонија“ во експозето како мандатар за неговата Влада, а во текстот е објаснето дека во Собранието започна дводневната седница за избор на Владата која ќе ја води десничарското ВМРО-ДПМНЕ.
Грчката новинска агенција потсетува на неодамнешната изјава на Мицкоски дека „на инаугурацијата на неговата влада ќе го користи уставното име на државата.
Инаку, Мицкоски најави дека при заклетвата ќе го употребува уставното име со придавката Северна, а во јавните настапи и говорите, ќе користи Македонија. Секако, ова не му се допадна на грчкиот премиер Мицотакис, кој најави реакции на самитот на НАТО во Вашингтон.