Вчера во тешка сообраќајна несреќа кај Солун, загина млада девојка од Битола, додека три сопатнички се со повреди, од кои едната потешко Сите три се пренесени во боолница во Верија и во Солун.
Битолчанката Мартина Н. која има 29 години е загинатата, додека нејзините сопатнички А.К. (24), М.Р. (24) и И.Ј. (25) се повредени. А.К. и М.Р. добиле тешки повреди, додека И.Ј. не е повредена.
Повреден е 73 годишниот возач на второто возило, а потоа во сообраќајаката учествувало и трето возило управувано од 52-годишен грчки државјанин.

Од Мартина се простуваат нејзините најблиски на социјалните мрежи.