Спектакуларно непослушни е мотото со кое се одржа годинешната Парада на Гордоста во Скопје.Собирот почна во Жена парк, а потоа низ улиците на централното градско подрачје со протестен марш, се до стадионот на АРМ во градски парк, каде што имаше и уметничка програма. Организаторите велат ова е еден ден кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични. ЛГБТ заедницата секогаш била одговорен член на ова општество, ги исполнуваме нашите обврски кон државата, но не добиваме никаков фитбек. Нашите права не се почитуваат. Ова се дел од пораките кои се испратени од собирот. Ова е петта по ред Парада на гордоста која се одржува во Скопје.
Петта Парада на гордоста во Скопје