Македонија

Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва без „Северна“

Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва без „Северна“

На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, го предизвика мандатарот Христијан Мицкоски да даде заклетва без „Северна“.

– Секогаш кога ќе има лоша влада на СДСМ, доаѓа ВМРО и обратно и, за жал, мандатаре, Вам Ви се обраќам, уште во старт ретириравте на неколку полиња! Прво и основно ретериравте кај придавката Северна и рековте дека сега ќе го изговарате, наводно, новото име. Во една емисија рековте дека дури и мандатот ќе го жртвувате – Вие новата придавка не сакавте ни да ја ословите која е, викавте дека нема да ја изговорите, а сега тврдите и сами кажавте дека ќе дадете заклетва со таа придавка. Еве, јас ве повикувам, да не испадне дека го кршите зборот, имате време да си дадете оставка, па да си останете на зборот – истакна пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на собраниската седница, обраќајќи се кон Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни