Свет

Повеќе од 1.000 луѓе загинаа за време на овогодишниот хаџ во Мека

Повеќе од 1.000 луѓе загинаа за време на овогодишниот хаџ во Мека

Повеќе од 1.000 луѓе загинаа за време на овогодишниот хаџ во Саудиска Арабија, бидејќи верниците се соочија со екстремни температури на најсветите места на исламот во пустинското кралство, соопштија властите во неделата (23-ти јуни).

Повеќе од половина од загинатите се од Египет, според двајца функционери во Каиро, каде властите велат дека им ги одзеле лиценците на 16 туристички агенции кои им помагале на неовластени аџии да патуваат во Саудиска Арабија.

Официјален Ријад не ја коментираше нивната смрт за време на аџилакот, на кој секој способен муслиман мора да оди барем еднаш во животот.

Египетските власти објавија дека за време на овој хаџ загинале 31 неовластен аџии, велејќи дека станува збор за луѓе со хронични болести, но не се дадени официјални податоци за останатите аџии.

Претставник на владата изјави дека најмалку 630 други аџии кои отпатувале во Саудиска Арабија со визи за посетители загинале, а најголем број загинати има во мртовечницата во населбата Ал-Муизем во Мека.

Египетски дипломат ги потврди бројките и изјави дека повеќето се закопани во Саудиска Арабија.

Службеникот зборуваше под услов да остане анонимен, бидејќи не му е дозволено да известува пред новинарите.

Во соопштението Владата наведува дека 16 туристички агенции не им пружиле соодветни услуги на аџиите. Тие тврдеа дека овие агенции незаконски организирале патувања на аџии во Мека, користејќи визи кои не им дозволувале на нивните корисници да патуваат во најсветиот град на исламот.

Надлежните изјавија и дека во рамките на истрагата до јавниот обвинител биле испратени информации за службеници од агенциите.

Меѓу загинатите има 165 аџии од Индонезија, 98 од Индија и десетици од Јордан, Тунис, Мароко, Алжир и Малезија, според бројките собрани од АП.

Загинаа и двајца аџии од САД.

АП не можеше независно да ја потврди причината за смртта, но некои земји како Јордан и Тунис ги обвинија екстремно високите температури.

Смртните случаи не се ретки на петдневниот аџилак попознат како Хаџ, кој низ историјата забележал повеќе од два милиони луѓе кои патувале во Саудиска Арабија во исто време. Низ историјата на хаџот имало смртоносни стампеда и епидемии.

Сепак, бројките годинава се поголеми од вообичаеното.

За време на овогодишниот хаџ, највисоките дневни температури се движеа меѓу 46 и 49 степени Целзиусови во Мека и светилиштата околу градот, покажуваат податоците на саудискиот национален метеоролошки центар.

Некои луѓе се онесвестиле додека го изведувале симболичниот чин на каменување на ѓаволот.

Хаџот, еден од петте столбови на исламот, е еден од најголемите верски собири во светот.

На овогодишниот хаџ учествувале повеќе од 1,83 милиони муслимани, вклучувајќи повеќе од 1,6 милиони аџии од 22 земји и околу 222.000 саудиски граѓани и жители, според податоците на Саудиска Арабија, пренесува РСЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни