Блокиран е влезот и излезот од Скопје кај Автокоманда, јавува репортер на ТВ21 кој е затекнат на лице место.
„Дел од оградата заедно со екламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Немаме имформации за повредени лица“, информираа вечерва и од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Паднатата ограда го попречува движењето.
Формирана е километарска колона за влез и излез од Скопје. На терен е екипа на полицијата.