Актерот од Пиратите од Карибите, Тамајо Пери, почина откако беше нападнат од ајкула додека сурфаше на Хаваи во неделата попладне.
Службите за итни случаи биле повикани на плажата Малакахана околу 13:00 часот по локално време.
Во меѓувреме, тој беше извлечен од водата со помош на џет ски, но лекарите можеа само да ја потврдат смртта на 49-годишниот Пери, кој исто така бил спасувач.
Пери глумеше во Пиратите од Карибите во четвртиот дел од популарниот филмски серијал.
Тој глумеше и во сериите Lost, Hawaii Five-0 и Blue Crush.
Вршителот на должноста шеф за безбедност на океанот во Хонолулу, Курт Лагер, рече дека Пери е „спасител што сите го сакаа“.
„Неговиот карактер и став беа заразни – колку што луѓето го сакаа него, тој ги сакаше уште повеќе“, додаде тој.
Градоначалникот Рик Бланџарди рече дека смртта на Пери е „трагична загуба“.
„Тамајо беше легендарен спасител и многупочитуван, тој порасна овде и беше одличен член на нашиот тим одговорен за безбедноста на пливачите и сурферите“.