Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира формирање на Комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во лекувањето на новороденчето од Ресен, кое почина 30 часа по раѓањето во Клиничката болница во Битола.
На 20 јуни е извршен вонреден инспекциски надзор во битолската Болница и на Клиниката за детски болести во Скопје, но и во приватната здравствена установа д-р Тони во Битола.
Од увидот во неонатолошката документација е констатирано дека новороденчето било донесено и при раѓање имало ливидна кожа, ослабен тонус, ослабени рефлекси и брадикардија.
Од ДСЗИ информираат дека согласно надлежностите, направен е увидот во медицинската евиденција и документација на одделението за гинекологија и акушерство како и на неонаталошкото одделение во ЈЗУ КБ Битола.
Констатирано е дека родилката се јавила во здравствената установа на ден 14:06.2024 година заради болки кои перзистирале два дена. Извршен е преглед од страна на специјалист гинеколог-акушер, направени две кардиотокографски иследувања и примена е на одделот за гинекологија и акушерство за породување со царски рез со оглед на тоа што ова и била втора бременост. Во 2012 година исто така била породена со цариски рез. Земени се примероци за лабораториска анализа – крвна слика и анализи за фактори на коагулација и крвна група во службата за трансфузиологија.
Нејзината бременост претходно е следена од матичниот гинеколог во „Д-р Тони“ во Битола каде според здравствениот картон се имала јавено во неколку наврати почнувајќи од декември.