Денес новиот министер за здравство, Арбен Таравари информираше дека дал наредба за разрешување на економските директори на кои им завршува мандатот. Веќе е дадена наредба што побрзо да се спроведе во Собранието измената на законот за укинување на функцијата економски директор на клиниките.
Како што рече Таравари, денес ќе бидат разрешени 7-8 в.д. директори од вкупно 14.
-Денес се разрешуваат одреден број на економски директори на коишто им завршува мандатот. Тие што се со малку поголем мандат, ќе ни треба измени на законот. Сметајте дека за месец-два нема да има економски директори. Не сакам да не тужат тие што имаат мандат до август, септември, па да одиме по судови, кажа Таравари во изјава за медиумите на првиот ден од стапување на новата функција.