Македонија

МВР за заканите кон судија на Уставен суд: Тие биле преку социјална мрежа

МВР за заканите кон судија на Уставен суд: Тие биле преку социјална мрежа

Од МВР велат заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот Дарко Костадиновски, биле преку социјална мрежа, а нив ги упатило лицето С.И.

– Денеска (24.06.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека МВР веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни