Македонија

Повеќе од 5000 прекршоци регистрирани, продолжува поставувањето на камери низ Скопје

Повеќе од 5000 прекршоци регистрирани, продолжува поставувањето на камери низ Скопје

Министерството за внатрешни работи интензивно поставува камери на крстосници и булевари низ Скопје како дел од проектот „Безбеден град“.

Новите камери, кои веќе се инсталирани на улицата Васил Чакаларов, ќе помогнат во санкционирање на разни сообраќајни прекршоци како брзо возење и поминување на црвено светло.

Иницијативата наскоро ќе се прошири и во други градови како Тетово и Куманово, а и на клучни автопатишта.

За ефективно функционирање на системот се предвидени и законски измени.

Првичните тестови покажаа дека системот за кратко време успешно детектирал над 5.000 прекршоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни