Македонија

ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: До крајот на денот нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: До крајот на денот нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Нестабилна облачна маса од запад и северозапад навлегува во Скопската Котлина од која има поинтензивни процеси во форма на невреме. Нестабилно, наместа со поинтензивни процеси е и во делови од Пелагонија, Мариово и Тиквешијата, велат од УХМР.

Максималните температури денес во земјава беа 27 Охрид, 28 Претор, Тетово, Берово, Крива Паланка, 29 Скопје-Петровец, 30 Битола, 31 Штип, 32 Струмица, 33 Демир Капија, велат од УХМР.

Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) во 10 Штип, 5 Ѓуриште, 2 Тетово, 1 Охрид.

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денес беше Променливо облачно, претпладне во некои од планинските подрачја со локален пороен дожд и грмежи. Попладне нестабилно беше на повеќе места, а повремено поинтензивни процеси имаше во северните делови (делови од Скопската Котлина, Велес Куманово, Тетово) делови од Тиквешијата, како и делови од Пелагонија и Мариово.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни