Свет

ПРЕСТРЕЛКА ВО БРИСЕЛ: Загинаа две лица, има и повредени

ПРЕСТРЕЛКА ВО БРИСЕЛ: Загинаа две лица, има и повредени

Две лица загинаа, а три се повредени во пукотница во Брисел вечерва, соопшти локалната полиција.

Пукањето се случило на терасата на кафуле во областа во близина на железничката станица Миди, каде што еден или повеќе осомничени отвориле оган врз група луѓе.

Според првите резултати од истрагата, пукотници биле испукани од автоматска пушка.

На самото место загинале 44-годишен маж и 46-годишна жена, соопшти бриселското обвинителство.

Во нападот се повредени три лица, од кои две се хоспитализирани во критична состојба. Станува збор за двајца мажи на возраст од 42 и 49 години.

Тој градски округ е едно од жариштата на трговијата со дрога. Но, полицијата и обвинителството засега не го поврзуваат инцидентот со овој проблем.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни