Македонија

Горивата од полноќ ќе се продаваат по овие цени

Горивата од полноќ ќе се продаваат по овие цени

Цената на горивата од утре останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 и натаму ќе изнесува 82,5, а на ЕУРОСУПЕР 98 – 85 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто нема да се менува и ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар.

Останува иста и цената на екстра лесното масло за домаќинство – 75 денари. Има поскапување на мазутот за 1,2 денари, и од утре ќе се продава по цена од 47,9 денари по килограм.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни