Македонија

Голем пад на температурите, еве каде беше најстудено утрово во Македонија

Голем пад на температурите, еве каде беше најстудено утрово во Македонија

Во 8:30 часот најстудено во Македонија беше на Попова Шапка, каде биле измерени само осум степени, што е невообичаено за овој дел од годината.

Девет степени беа измерени во Лазарополе, а 11 во Маврово и Крушево.

Инаку во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Дојран, 16 литри на метар квадратен. Следуваат Охрид со 15, Битола со 10, исто колку и Крушево.

Во текот на денов ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер, а максималната температура ќе достигне 32 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни