Македонија

ФОТО: Акција за отстранување на обемна дива депонија на Џон Кенеди

ФОТО: Акција за отстранување на обемна дива депонија на Џон Кенеди

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во скопската општина Чаир, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“.

Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани 50 кубни метри непрописно одложен отпад, по што екипите на Претпријатието спроведоа и рачно миење на микролокацијата. Активностите беа реализирани во соработка со ЈП Паркови и зеленило.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје го осудуваат тенденциозното непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини што во последниот период најчесто е забележано во непосредна близина на контејнерите наменети за одлагање на комуналниот отпад. Секое исфрлање отпад надвор од наменски поставените садови претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни