Лицемерието на Ахмети и Села нема граници. Преку ден нивниот директор на ФЗО во заминување со насмевка ги пречека и се фотографираше со новите директори, а попладне на опозициската ДУИ им текна наводно да се загрижи за меѓуетничката хармонија и Охридскиот рамковен договор, велат од ВРЕДИ во соопштение до јавноста.
Од партијата додаваат дека „со други зборови им се плаче што ги напуштаат институциите, ги губат привилегиите и се под закана од ревизија на нивното работење и дека ВЛЕН нема да дозволи да се манипулира со креирање лажна перцепција за наводно институционално понижување на Албанците“.
-Наместо да се служат со подбуцнување ДУИ нека и одговори на јавноста зошто му понудија на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да влезат наместо ВЛЕН во неговата Влада со само 4 министерства, без претседател на Собрание и со ветување дека ќе му одработат на локалните избори во 2025 неговите кандидати за градоначалници да победат во Кичево и Струга? Време е за вистината, стоие во соопштението на ВРЕДИ.