Македонија

Од Мерцедес пукал во БМВ и го убил возачот – детали за убиството во Тетово

Од Мерцедес пукал во БМВ и го убил возачот – детали за убиството во Тетово

Од Министерството за внатрешни работи се огласија за убиството во Тетово.

Според нив, во возилото марка БМВ било пукано од друго возило Мерцедес.

„Во 20:35 часот на СВР Тетово, пријавено е дека на улица Штипска во Тетово, лице кое било во автомобил Мерцедес со огнено оружје пукало во автомобил БМВ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кој починал веднаш од нанесените повреди. Припадниците на полицијата од СВР Тетово ги преземаат сите мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни