Македонија

ФОТО: Со 3 возила изгаснат пожар во производствен погон во с. Колешино

ФОТО: Со 3 возила изгаснат пожар во производствен погон во с. Колешино

Денес, (недела) 07.07.2024 година, во 08.45 часот во с. Колешино, ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 9 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена помошна просторија во производствен погон. Благодарение на навремената дојава и брзата интервенција, пожарот е целосно локализиран и ликвидиран во 09.45. часот, пишува во објавата на Фејсбук профилот на Пожарна Струмица.

„Поради неповолните климатски фактори (високи температури и сушен период) да не се пали оган на отворен простор! Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број“, велат од Пожарна Струмица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни