Свет

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА: Избувна пожар, најмалку десет лица го загубија животот

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА: Избувна пожар, најмалку десет лица го загубија животот

Најмалку десет луѓе ги загубија животите во пожар што избувна во дом за стари лица во источен Уругвај, соопштија локалните власти.

Причината за пожарот што се случи во Треинта и Трес сè уште не е позната, објави Ројтерс.

Локалната власт во овој град со 25.000 жители, кој се наоѓа на 250 километри од главниот град Монтевидео, прогласи тридневна жалост.

Локалните власти на својот Фејсбук профил не ја наведоа причината за пожарот, ниту дали има повредени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни