Здравје

Жената се разбудила со рана на ногата, докторот објаснил што и се случило

Жената се разбудила со рана на ногата, докторот објаснил што и се случило

Млада жена утрото се разбудила и забележала рана на ногата. На почетокот само малку болеше, но потоа болката се влоши.

Мислев дека раната сама ќе зарасне, но се влоши и завршив во итната медицинска помош“, вели жената која не знаела дека има изгореница од трет степен на ногата.

„Заспав на полначот за мобилен телефон кој беше приклучен во штекерот. Докторот ми објасни дека кожата е добар спроводник и дека сум изгорена од струја. По повеќе од една година, лузната се уште е видлива“, рече таа.

Експертот за изгореници Др. Доминик Андре-Левињ од Женева објасни дека ваквите случаи се многу ретки. Долготрајниот контакт со електроди во присуство на влага и пот влијае на pH вредноста на кожата. Ова предизвикува хемиски изгореници, но не и термички. Се развива бавно, па личноста првично не чувствува ништо и не се буди“, објасни тој.

Оштетувањето обично се појавува само по неколку часа, а заспаниот не е свесен што се случува, пренесува Мирор.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни