Македонија

Еве кој град беше најтопол во Македонија денес!

Еве кој град беше најтопол во Македонија денес!

Максималните температури денес беа 25 Попова Шапка, 31 Крушево, 32 Маврови Анови, Лазарополе, 34 Претор, 35 Берово, 36 Охрид, Крива Паланка, 37 Прилеп, Тетово, 38 Битола, 40 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Виница, 41 Кавадарци, Гевгелија, 42 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија.

Времето денес беше претпладне сончево, а попладне имаше мала до умерена облачност. Наместа, претежно во планинските подрачја имаше умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дуваше слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец, кој во Штип достигнуваше брзина до 45км/ч.

Времето до крајот на денот ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на ноќта ќе биде ведро со слаб ветер од променлив правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни