Младиот човек (20) од Пенсилванија, кој се обиде да го убие Доналд Трамп, на својот телефон имал фотографии од поранешниот републикански претседател, американскиот претседател Џозеф Бајден и други американски функционери, вклучително и државниот обвинител Мерик Гарланд и директорот на ФБИ Крис Вреј, јавува АП, повикувајќи се на два извори поврзани со истрагата.
ФБИ бара индиции за тоа што го навело Крукс да отвори оган на предизборен митинг во Пенсилванија во саботата во обид да го убие претседателскиот кандидат.