Свет

Пукање во Алабама: Маж уби четири деца и сопруга

Пукање во Алабама: Маж уби четири деца и сопруга

Маж од Алабама е обвинет дека во четвртокот вечерта ги убил сопругата и четирите деца, кои биле на возраст од две до девет години.

Брендон Алан Кендрик (32) е обвинет за убиство на сопругата Келса Кендрик и четирите деца во округот Биб, Џорџија, пренесува АП.

Сите жртви биле застрелани со пиштол во главата, се наведува во документот што бил приложен кон налогот за апсење.

Шерифот Џоди Вејд рече дека Кендрик е татко на две деца, а другите двајца убиени се роднини.

„Апсолутно ужасно. Незамисливо е низ што поминува семејството, и што минуваат пријателите на семејството, како и како сега се чувствува заедницата. „Сцената беше ужасна, дури и искусни полицајци ми рекоа дека тоа е најстрашното нешто што некогаш го виделе“, рече Вејд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни