Во топлите летни денови, консумирањето на одредени намирници може да биде ризично, поради можноста за расипување на храната и размножување на бактерии.
Недоволно преработено месо, јајца и риба
Со оваа група на намирници ризикувате да се труете, па доколку морате да ја консумирате на плажа, внимавајте да бидат добро термички обработени. За консумација на риба, подобро е да се избере солена риба, но и тука голема количина сол може да биде проблем. Исто така, ризикувате ако носите сендвич со недоволно обработена храна.
Храна тешко сварлива
Храната пржена во длабоко масло како пржена храна, пржени компири или пирошки не се добар избор бидејќи тешко се вари.
Колачи со јајца
Избегнувајте кремасти десерти и колачи со сирови јајца. Чоколадото со висок процент на какао е многу подобра опција.
Брза храна
Посебно избегнувајте да купувате брза храна на штандовите, не е здрава, а ако е од месо, јајца, риба или сос, ризикувате труење, стомачни проблеми и посета на лекар, наместо добро поминато време.