Повеќе од 20 полицајци беа повредени синоќа во судири со демонстрантите од екстремната десница, кои фрлаа шишиња и камења кон полицајците, во северозападниот дел на Англија, каде во понеделникот беа убиени три девојчиња.
Британскиот премиер Кир Стармер ги осуди инцидентите и рече дека толпата го осквернави мирното бдеење еден ден претходно, кога неколку стотици луѓе се собраа во центарот на Саутпорт да оплакуваат за загинатите девојчиња, пренесе АП. Полицијата додаде дека насилна група запалила полициско комбе, а до него биле присутни неколку автомобили на приврзаници на Англиската одбранбена лига, крило на десничарската група, додека нередите биле мотивирани од гласини за идентитетот на за стореното дело уапсен тинејџер.„Имаше многу шпекулации за статусот на 17-годишен маж кој е во притвор, а поединци го користат тоа за да создадат хаос на нашите улици“, рече Алекс Гос, помошник началник на полицијата во Мерсисајд, каде што Саутпорт се наоѓа. Саутпорт се наоѓа на 25 километри од Ливерпул. Полицијата претходно соопшти дека името на осомничениот, кое се појави на социјалните мрежи, е неточно и дека осомничениот е роден во Британија, спротивно на тврдењата на интернет дека тој е барател на азил. Здружението на џамиите во регионот на Ливерпул објави коментар, нарекувајќи го нападот на тинејџерот „брутален“ напад врз општеството, кој не е поврзан со исламот. Полицијата за безредијата пред џамијата во Саутемптон беше гаѓана со тули одземени од околните домови, при што некои од демонстрантите носеа маски извикувајќи „Нема предавање“ и „Англичанец до смрт“. Се огласија петарди, се огласија сирените, а хеликоптер ја прелета областа додека немирите продолжија. Повредени се вкупно 22 полицајци, осум се посериозни, со скршеници, исеченици и контузии.Here is the touching tribute left for the people of Southport by the knuckle-dragging racist dickheads who visited last night. pic.twitter.com/eFe2lLS3tH
— Parody Keir Starmer (@Parody_PM) July 31, 2024
Две полициски кучиња се повредени од камења, а третото се здобило со изгореници.