Маж почина откако го касна отровен пајак во Бразил.
На 9 јули, маж по име Винисиус и шест пријатели застанале во ресторан на плажа во Каиро, во бразилската држава Баија, откако отишле на патување со брод.
Следниот ден, Винисиус почнал да се чувствува лошо и неговата состојба брзо се влошила, а тој починал пет дена подоцна.
Еден од неговите пријатели се сеќава на Винисиус како седел на плетен тросед во ресторан.
Тој тврди дека се сеќава дека видел кожурец од пајак на софата и наводно го предупредил Винисиус да не седи таму, но сепак седнал.
– Беше на овој мал плетен тросед, човеку. Дури му реков на типот да го симне. Тоа е нивниот кожурец. Тој седна на мала софа, а јас на специјално столче – рекол неговиот пријател, пренесува Unilad.
Следниот ден, здравјето на Винисиус почнало да се влошува.
Винисиус пријавил симптоми на отежнато дишење и болки во градите и бил итно пренесен во болница.
Tourist dies after being bitten by venomous spider hiding in restaurant chair, Brazil https://t.co/03YpG4SQPK
— Pie Thagoram 🇺🇦 #SaveChannel4 #COYP #Notts #FBPE (@Piethagoram) July 15, 2024
Утврдено е дека го каснал пајак – а ткивото околу каснувањето веќе почнало да поцрнува.
Како што отровот на пајакот минувал низ телото на Винисиус, почнала да се јавува некроза.
На 14 јули Винисиус починал.
Сопственикот на кафулето каде што се претпоставува дека се случило каснувањето, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека вакво нешто досега не се случило.
– Ова никогаш не се случило 20 години, немавме вести за тоа, ниту еден клиент не дојде кај нас, никој не побара помош – рече тој.
Снимките од безбедносните камери од кафулето наводно се прегледуваат за да се види како и кога Винисиус можеби бил каснат додека бил таму.
Останува нејасно каков пајак го каснал. Сепак, Бразил е дом на бразилскиот скитник пајак, кој се смета за еден од најсмртоносните пајаци во светот.