Македонија

Македонски Концепт со три делегации им оддаде почит на Илинденците

Македонски Концепт со три делегации им оддаде почит на Илинденците

Политичката партија Македонски Концепт по повод најзначајниот празник на Републиката, Илинден испрати три делегации кои поклонија свежо цвеќе на Мечкин Камен во Крушево, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и пред споменикот на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев во Скопје.

Делегациите беа предводени од Проф. д-р. Петар Богојески, претседател на МК, др. Весна Марковска, регионален координатор на МЖК за ИЕ5, Петре Трпкоски, организациски секретар на МК и др. Стефан Талев, регионален координатор на МК за ИЕ5 во Крушево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни