Свет

ВИДЕО Пет деца загинаа при уривање на петкатница во Русија

ВИДЕО Пет деца загинаа при уривање на петкатница во Русија

Пет деца загинаа при уривање на петкатница во рускиот град Нижни Тагил, а спасувачките тимови го завршија расчистувањето на урнатините, соопшти денеска прес-службата на Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Спасени се 15 луѓе, меѓу кои седум деца, пренесе Интерфакс.

До сабота наутро во објектот за привремено сместување имало 21 лице, меѓу кои четири деца, а над 17 лица престојувале кај роднини и пријатели.

Како што беше најавено во четвртокот, од експлозија на гас се урнати два влеза од петкатницата.

На местото на несреќата работеле 550 спасувачи.

Поведена е кривична постапка за кривично дело вршење работи или давање услуги кои не ги исполнуваат условите за безбедност на животот и здравјето на потрошувачите.

Градските власти на Нижни Тагил го прогласија 3 август за ден на жалост.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни