Свет

Лекар во Берлин уби четворица пациенти и им ги запали домовите за да го прикрие злосторството

Лекар во Берлин уби четворица пациенти и им ги запали домовите за да го прикрие злосторството

Во Берлин е уапсен 39-годишен лекар под сомнение дека убил четворица постари пациенти и подметнал пожари во нивните домови за да го прикрие тоа.

Лекарот, чие име не се соопштува, е обвинет дека во јуни и јули убил четворица пациенти кои биле згрижени во матичната здравствена служба.

Засега инспекторите не знаат како ги убил.

Во првиот случај на 11 јуни, пожарникарите успеале да оживеат 87-годишна жена, но таа набрзо починала во болница.

Според инспекторите, лекарот потоа убил 76-годишна жена на 8 јули, а уште две на возраст од 72 и 94 години, на 15 и 24 јули.

Инспекторите не прецизираа што довело до апсењето на лекарот, ниту кои биле можните мотиви за убиството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни